Технолошко – технички факултет Велес е образовна и научно-истражувачка институција од областа на Прехранбена технологија и биотехнологија и Нутриционизмот во рамките на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола.

 Факултетот развива дејност во неколку области:

  • Додипломски студии (прв циклус академски студии)

           – Прехранбена технологија и биотехнологија

           – Нутриционизам

  • Последипломски студии (втор циклус на академски студии)

           – Нутриционизам – едногодишни

           – Нутриционизам – двогодишни

           – Управување со квалитет и безбедност на храна

  • Докторски студии (трет цуклус академски студии)

            – Иновативни технологии за храна и нутриционизам

          Времетраење на студиите е три години.

  • Научно-истражувачка работа

Мисија

Едуцирање на високостручен кадар. Mисијата на Технолошко – технички факултет Велес е обезбедување континуирано образование на високостручен кадар (инженери, магистри) преку висококвалитетни програми од научните подрачја на прехранбената технологја, биотехнологијата и нутриционизмот.

Докторски студии и научно-истражувачка работа. Постигнувајќи постојан успех во научно-истражувачката работа, научно-истражувачката мисија на факултетот ја остварува преку докторските студии и меѓународните научно-истражувачки проекти.

Подршка на технолошкиот развој на индустријата за храна. Создавајќи услови за трансфер на знаење, Факултетот дава силна подршка на технолошкиот развој на индустријата за храна.

Лидер во нутриционизмот. Факултетот е лидер на национално ниво во областа на нутриционизмот и постојано ја јакне својата репутација на меѓународно ниво.

Визија

Во текот на следните години, факултетот има амбиција:

  • Да ја задржи лидерската позиција во образованието во нашата држава од областа на Нутриционизмот, а во прехранбената технологија и биотехнологија да биде меѓу лидерите.
  • Да биде меѓу првите институции од ваков карактер во балканскиот регионот.
  • Да своите студиски програми уште повеќе ги доближи кон потребите на стопанството и да ја зајакне соработката со истите.
  • Да ја зајакне сопствената соработка со реномирани странски универзитети во едукативната дејност и преку заеднички научно-истражувачки проекти.

Историја

Технолошко – технички факултет Велес е нова единица на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ – Битола и е формирана во 2008 година. Факултетот од неговото основање врши високообразовна дејност – додипломски студии, како и научно-истражувачка и применувачка дејност од научните полиња на прехранбената технологија, биотехнологијата и нутриционизмот. Во 2009 год. отвора и последипломски студии, а во 2015 год. во тек е акредитација на докторски студии. Со отворањето на оваа високообразовна единица во составот на УКЛО се етаблира факултет кој е комплетно фокусиран на едукација на инженерски кадар.