Рокови за пријавување и запишување

  • Трет уписен рок
    Пријавување: од 01.12.2023 до 14.12.2023 година
    Запишување: од 21.12.2023 до 22.12.2023 година

Документи за пријавување на нови студенти на ТРЕТ ЦИКЛУС студии

При пријавувањето кандидатите поднесуваат:

  • Пополнет пријавен лист чијшто образец е подготвен од страна на единицата каде што се организира студиската програма
  • Мотивациско писмо за запишување на студиската програма
  • Кратка биографија со вкупните постигнувања на кандидатот
  • Потенцијална област на истражување и кратко образложение во коешто се дефинирани предметот и целите на потенцијалната област на истражување
  • Предлог за ментор од листата на објавени слободни акредитирани ментори на студиската програма со кој кандидатот преходно стапил во контакт, се консултирал за областа на истражување и од кој добил прелиминарна согласност (образец)
  • Диплома/уверение за завршен втор циклус студии, односно постдипломски студии (кандидатите кои завршиле во странство доставуваат нострифицирана странска Диплома) – оригинални документи или заверена фотокопија од истите
  • Диплома/уверение за завршен прв циклус студии, односно додипломски студии (кандидатите кои завршиле во странство доставуваат нострифицирана странска Диплома) – оригинални документи или заверена фотокопија од истите
  • Уверение за државјанство
  • Извод од матичната книга на родените
  • Медицинска документација(за странски студенти): ХИВ тест и тест за Хепатит Ц
  • Други документи по барање на единицата.

Документи за запишување на нови студенти на ТРЕТ ЦИКЛУС студии

При запишувањето, примените кандидати поднесуваат и:

1. Образец ШВ 20 – жолт лист, Семестрален лист и Пријавен лист (уплатница)

(претходните документи студентите може да ги подигнат од службата за студентски прашања)

2. Индекс и студентска легитимација (уплатница)

3. 2 фотографии (3,5 х 4,5 на бела позадина)

4. Потврда за уплатена школарина за првиот семестар

– Уплатена школарина за македонски државјани од 4500 евра во денарска противвредност од 279000 денари (уплатница)

  • Вкупниот износ на школарина се плаќа на шест еднакви рати на почетокот на секој семестар. Износот на една рата е 46500 денари.

– Уплатена школарина за странски државјани од 5500 евра во денарска противвредност од 341000 денари (уплатница)

  • Вкупниот износ на школарина се плаќа на шест еднакви рати на почетокот на секој семестар. Износот на една рата е 56833 денари.

Плаќање од странство:
1. Упатство