Third Cycle (Doctoral)
Документи за пријавување на нови студенти на ТРЕТ ЦИКЛУС студии
При пријавувањето кандидатите поднесуваат:
- Пополнет пријавен лист чијшто образец е подготвен од страна на единицата каде што се организира студиската програма
- Мотивациско писмо за запишување на студиската програма
- Кратка биографија со вкупните постигнувања на кандидатот
- Потенцијална област на истражување и кратко образложение во коешто се дефинирани предметот и целите на потенцијалната област на истражување
- Предлог за ментор од листата на објавени слободни акредитирани ментори на студиската програма со кој кандидатот преходно стапил во контакт, се консултирал за областа на истражување и од кој добил прелиминарна согласност
- Диплома/уверение за завршен втор циклус студии, односно постдипломски студии (кандидатите кои завршиле во странство доставуваат нострифицирана странска Диплома) – оригинални документи или заверена фотокопија од истите
- Диплома/уверение за завршен прв циклус студии, односно додипломски студии (кандидатите кои завршиле во странство доставуваат нострифицирана странска Диплома) – оригинални документи или заверена фотокопија од истите
- Уверение за државјанство
- Извод од матичната книга на родените
- Медицинска документација(за странски студенти): ХИВ тест и тест за Хепатит Ц
- Други документи по барање на единицата.
Документи за запишување на нови студенти на ТРЕТ ЦИКЛУС студии
При запишувањето, примените кандидати поднесуваат и:
1. Образец ШВ 20 – жолт лист, Семестрален лист и Пријавен лист (уплатница)
(претходните документи студентите може да ги подигнат од службата за студентски прашања)
2. Индекс и студентска легитимација (уплатница)
3. 2 фотографии (3,5 х 4,5 на бела позадина)
4. Потврда за уплатена школарина за првиот семестар
– Уплатена школарина за македонски државјани од 4500 евра во денарска противвредност од 279000 денари (уплатница)
- Вкупниот износ на школарина се плаќа на шест еднакви рати на почетокот на секој семестар. Износот на една рата е 46500 денари.
– Уплатена школарина за странски државјани од 5500 евра во денарска противвредност од 341000 денари (уплатница)
- Вкупниот износ на школарина се плаќа на шест еднакви рати на почетокот на секој семестар. Износот на една рата е 56833 денари.
Плаќање од странство:
1. Упатство