Услуги

Прехранбено-технолошкиот центар за развој на иновативни продукти (ПТЦ) при Технолошко-техничкиот факултет е во завршна фаза на процесот на воспоставување на системот за управување со квалитет согласно меѓународниот стандард МКС EN ISO 17025:2018 во своите лаборатории. Во опсегот на акредитација се следните методи за анализа на сурово млеко:

Параметар Метода
Определување содржина на протеини ISO 8968-1:2014
Вкупен број на бактерии MKC EN ISO 4833-2:2013
Соматски клетки MKC EN ISO 13366-2:2010
Афлатоксин М1 Според упатство на произведител за инструментот VICAM 4EX

Сите заинтересирани можат да достават барање за анализа на сурово млеко и да се информираат дополнително со контакт на маил адресата: centar.ttf@uklo.edu.mk

Упатство за корисници за начинот на чување на суровото млеко и земање примероци за анализа може да се најде на линкот.

Проектот „Акредитација на лабораторијата на Прехранбено-технолошкиот центар за развој на иновативни продукти при Технолошко-технички факултет, УКЛО“ е финансиски подржан од Министерството за образование и наука на РС Македонија во рамките на повикот за Финансирање на научно-истражувачки проекти од посебен и јавен   интерес (поддршка за развој на лабораториски ресурси).