First Cycle (Graduation)

Конкурс за пријавување нови студенти на ПРВ ЦИКЛУС студии

Пред пријавувањето во роковите утврдени со Конкурсот, секој заинтересиран кандидат треба да се регистрира на www.upisi.uklo.edu.mk и да ја пополни електронската пријава од iKnow-системот. Бројот кој што кандидатот автоматски го добил од системот за електронското пријавување треба да се внесе и во пријавата што се поднесува при пријавувањето за запишување.

При пријавувањето за запишување на единиците на Универзитетот, кандидатите ги поднесуваат следниве документи:

  1. Пријава за запишување
  2. Електронска пријава (од iKnow-системот)
  3. Оригинални свидетелства од сите класови
  4. Оригинално свидетелство за завршено средно образование
  5. Документ-диплома за положена државна матура
  6. Извод од матичната книга на родените
  7. Доказ за државјанство на РСМ (уверение или решение)
  8. Кандидатите кои конкурираат за запишување како вонредни студенти ги поднесуваат освен горните и документите назначени во глава III, точка 3
  9. Кандидатите кои конкурираат за запишување со завршено сродно високо или вишо образование поднесуваат соодветно уверение или диплома, а кандидатите во категоријата за паралелно студирање поднесувааат и соодветно уверение за статус на студент на сроден факултет, студиска група или насока
  10. Кандидатите кои конкурираат по глава II точка 2 став 3 алинеа 1 и 4 поднесуваат и документ од Агенцијата за вработување на РСМ дека се
    невработени
  11. Кандидатите кои конкурираат како странски државјани ги поднесуваат освен горните и документите назначени во глава V, точка 3 и 4
  12. Потврда за уплатени 300 денари (уплатница) на жиро сметка на факултетот – високата школа за манипулативни трошоци
  13. Потврда за уплатени 50 денари за административна такса (уплатница*)

* XXX се заменува со соодветната ознака од список на општини со ознаки во Р.С.Македонија според живеалиштето на студентот 

Напомена: Бидејќи пријавувањето се врши со оригинални документи, пожелно е кандидатите пред пријавувањето, да направат преписи од документите за своите потреби.
Напомена: Кандидатите при пријавувањето на единицата на Универзитетот доставуваат:
документи од претходното образование во оригинална форма (овие документи времено се задржуваат на единицата, а потоа му се враќаат на студентот),

незаверени копии од документите од претходното образование (што остануваат во досието на студентот).

Документи за запишување на нови студенти на ПРВ ЦИКЛУС студии

1. Образец ШВ 20 – жолт лист, Семестрален лист и Пријавен лист (уплатница)

(претходните документи студентите може да ги подигнат од службата за студентски прашања)

2. Индекс и студентска легитимација (уплатница)

3. Три фотографии (2 – 3,5×4,5 см. и 1 – 2×3см.)

4. Уплатница од уплатени средства за партиципација (уплатница)

Редовни-државна квота

Вонредни-студенти

зимски

летен

зимски

летен

ВЕЛЕС

6200ден. 6200ден. 12400ден.

12400ден.

БИТОЛА 3100ден. 3100ден. 12400ден.

12400ден.

5. Уплатница за лаборатории – при упис на зимски семестар (уплатница)

6. Потврда за уплатени 200 денари наменски средства за културно-уметнички и други потреби на студентите (уплатница)

7. Потврда за уплатени 300 денари за студентски гласила и за други потреби на студентите во наставно-образовниот процес (уплатница)

8. Потврда за уплатени 1000 денари за тековни и развојни трошоци на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола (уплатница)