Home/Students/Enrollment/Second Cycle (Postgraduate)

Second Cycle (Postgraduate)

Документи за пријавување на нови студенти на ВТОР ЦИКЛУС студии

Пред пријавувањето во роковите утврдени со Конкурсот, секој заинтересиран кандидат треба да се регистрира на www.upisi.uklo.edu.mk и да ја пополни електронската пријава од iKnow-системот. Бројот којшто кандидатот автоматски го добил од системот за електронското пријавување треба да се внесе и во пријавата за упис на втор циклус студии што се поднесува при пријавувањето за запишување.

При пријавувањето на факултет кандидатите ги поднесуваат следниве документи:

  •  Пријава за упис на втор циклус студии
  •  Диплома или Уверение за завршени додипломски, односно прв циклус студии (кандидатите кои завршиле во странство доставуваат нострифицирана странска Диплома) – оригинални документи или заверена фотокопија од истите
  •  Кратка биографија (CV)
  •  Уверение за државјанство
  •  Документација: ХИВ тест и тест за Хепатит Ц (за странски студенти)
  • Потврда за уплатени 300 денари (уплатница) на жиро сметка на факултетот – високата школа за манипулативни трошоци
  •  Други документи по барање на единицата поврзани со условите за упис

Документи за запишување на нови студенти на ВТОР ЦИКЛУС студии

При запишувањето, примените кандидати поднесуваат и:

1. Образец ШВ 20 – жолт лист, Семестрален лист и Пријавен лист (уплатница)

(претходните документи студентите може да ги подигнат од службата за студентски прашања)

2. Индекс и студентска легитимација (уплатница)

3. Фотографии (3,5 х 4,5 на бела позадина)

4. Потврда за уплатен износ за кофинансирање за првиот семестар

– Нутриционизам едногодишна студиска програма (уплатница)

– Нутриционизам двогодишна студиска програма (уплатница)

– Управување со квалитет и безбедност на храна (уплатница)