MSCA Doctoral Training School и COST Action 19130 Организираат тренинг школа за запишани докторанти. Школата ќе се одржи на University of Twente, Енсхеде, Холандија во периодот од 10 до 14 јуни 2024.
Ќе има повеќе од 20 предавачи од реномирани универзитети од Европа а темите ќе бидат од областа на финансиите и напредните технологии во функција на финансиите .
За самата школа може да се најдат повеќе информации на следниот линк https://www.linkedin.com/pulse/msca-industrial-doctoral-network-digital-finance-oprue/ а самата агенда ќе биде дефинирана до 18 април 2024 за што дополнително ќе бидат известени. 
За следењето на самата школа нема никакви трошоци за докторандите кои ќе ја следат.
После завршувањето се добива сертификат за следење. 
 
Следењето е онлајн или со физичко присуство во Енсхеде со тоа што организаторот не гарантира враќање на трошоците за престој ако се следи со физичко присуство.
Пријавување до 20 април кај проф др Анастас Џуровски на емаил адресата: anastas.dzurovski@uklo.edu.mk