Нутриционизам
Студиската програма на додипломските студии по нутриционизам е отворен за сите со завршено средно оразование, кои имаат интерес да остварат кариера во областа на нуртиционизмот, производството на храна, анализа и контрола на храна и хранливи продукти, здравството и слично.
Нутриционистите се вклучени во научно-истражувачка работа во откривањето на зависноста помеѓу храната и појавата и ширењето на болестите како и во улогата на храната во модулирањето на генетскоит индивидуален и популациски потенцијал.
Како стручно-обучен кадар се вклучени во лабораториите и центрите за анализа и контрола на храна, во лабораториите за развивање на нови видови на храна и хранливи додатоци.
Можат да бидат вклучени и во истражувачките и производствените оддели на биотехнолошките, хемиските и фармаколошките индустриски гранки.
Од исклучителна важност е нивната улога во индустријата за производството на храна и хранителни производи.
Покрај истржувачката и производствента улога, нутриционистите се вклучени и во образованието на општата популација и на специјалните целни групи (бебиња, деца, стари луѓе, спортисти).
Нутиционистите се вклучени и во изготвување и спроведување програми за превенција и сузбивање на болести поврзани со храната и исхраната.
Потребите и интересите се базирани на:
- Следење на светските и регионални научно-образовни трендови во областа на нутрициониозмот, здравата и квалитетна храна и исхрана;
- Неопходноста од едуцирање сопствен кадар кој ќе одговори на домашните и глобални проблеми поврзани со храната и исхраната;
- Вклучување на специјалисти нутриционисти во едукативниот и здравсвен систем во Р. Македонија;
- Неопходноста од практично обучени нутиционисти во производството на здрава, квалитетна и еколошко прифатлива храна за домашни и извозни потреби;
- Подигање на општата свест за важноста на исхраната, последиците предизвикани од неправилна исхрана и начините на спечување.
- Да се оспособи кадар кој ќе одговори на современите нутриционистички потреби на посебни категории на луѓе (спортисти, бебиња, децата, доилки, стари луѓе и други)
- Стручен кадар кој ќе биде подготвен за пазарот на трудот и меѓуинституционална подвижност во рамките на замјата, регионот и пошироко;
- Општествено-национална потреба е Р. Македонија да располага со високо едуциран и специјализиран кадар по нутриционизам кој ќе биде имплементиран во решавањето на нутриционистичката проблематика во државата и пошироко во регионот
Заради сето ова од академската 2010/2011 година Технолошко-техничкиот факултет Велес ја воведе студиската програма – Нутриционизам.