На Технолошко-технички факултет Велес, Универзитет „Св.Климент Охридски-Битола“, на 28.05.2024 година беше одбележан Светскиот ден на Нутриционизмот (World Nutrition Day) со стручно предавање од м-р по нутриционизам Марија Матовска, Алумни на ТТФ Велес. На on-line настанот се дискутираше за нутриционизмот како наука, можностите кои ги нуди професијата нутриционист, предизвиците на нутриционистите и нивната улога во општеството.