На 14.05.2024 година во просториите на Технолошко-технички факултет Велес се одржа свечена промоција на дипломирани студентите од прв и втор циклус академски студии.  Свечена церемонија започна со обраќање на Деканот на Технолошко-технички факултет Велес, Проф. д-р Татјана Калевска која меѓу другото истакна дека денешниот свечен чин е резултат на  трудот и залагањето на дипломираните студенти, кои со завршување на факултетот стануваат вистински препознатливи стручњаци во областа, со стекнати знаења и искуства кој се составен дел од нивната личност.  Стекната дипломата на нашиот факултет  е препознаена на пазарот на трудот и докажува дека дипломираните студенти имаат стручни компетенции за вработување, но и знаење за понатамошно усовршување, со која на дипломираните студенти им се отвораат многу можности во иднина.

На крајот од своето обраќање Деканката Проф. д-р Татјана Калевска покрај честитките на дипломираните студенти им упати порака во која истакна: Продолжете да учите, стекнувајте нови знаења и на образованието секогаш гледајте како на полесен пат низ животот, нешто кое ќе ви даде сигурност, во секој момент, бидејќи образованието е влог во Вашата професионална самореализација и благосостојба.