Објавен е повикот за учество на IV Меѓународно научно-стручно советување Агро-наука и пракса (АПН 2024) организирано од Земјоделски факултет, Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип. Советувањето ќе се одржи на 13.06.2024 година.

Учеството на АПН 2024 дава можност за презентација и дискусија на оригинални научни и практични резултати во различни области на земјоделството.

Во прилог е Првото соопштение со корисни информации за организацијата, секции, важни датуми и котизација на Советувањето (Повик). Во прилог е и Формуларот за регистрација и апстракт.

Ве молиме, пополнете го Формуларот за регистрација и апстракт и пратете го на e-mail: agriscience-practice@ugd.edu.mk.