Ве покануваме на Отворениот ден на Технолошко-технички факултет во Велес!

Дата: 20 Март 2024 година

Време: Почеток во 11 часот

Цел на настанот: Соработка помеѓу индустријата, матурантите и академијата.

Што може да очекувате?

– Презентации на компаниите за својата дејност

– Матурантите и студентите ќе ги споделат своите идеи и можностите за практиканство пред компаниите

– Како домаќин, Технолошко-технички факултет – Велес ќе ги прикаже достапните ресурси за настава и истражување.

Придружете ни се и заедно да создадеме нови можности за соработка и иновации!