Со позитивната оценка од спровеното оценување за воспоставување на системот за управување со квалитет согласно меѓународниот стандард МКС EN ISO 17025:2018 во лабораториите на Прехранбено-технолошкиот центар за развој на иновативни продукти од страна на Институтот за акредитација на Република Северна Македонија, во месец септември 2023 година, финализирани се активностите за имплементација на проектот „Акредитација на лабораторијата на Прехранбено-технолошкиот центар за развој на иновативни продукти при Технолошко-технички факултет, УКЛО“, финансиски поддржан од Министерството за наука и образование.
Прехранбено-технолошкиот центар за развој на иновативни продукти при ТТФ, како субјект со визија за градење подобро опкружување во општествената заедница, ги повикува сите заинтересирани за воспоставување и/или продлабочување на соработка.
Прилогот кон сертификатот за акредитација на лабораторијата на линкот: https://ttfv.uklo.edu.mk/wp-content/uploads/sites/12/2023/10/predlog-prilog-kon-sertifikat-za-TTFV-07.09.2023.pdf