Во периодот од 24-28.04.2023 година, во рамките на програмата ERASMUS+ мобилост на Технолошко-технички факултет (ТТФ) Велес, УКЛО, остваруваат професори од две партнерските институции, и тоа:

  • професорките Joanna Harasym и Agnieszka Orkusz – Faculty of Production Engineering/Department of Biotechnology and Food Analysis, Wroclaw University of Economics and Business – Полска и
  • професорот Andrea Оsimani – Department of Agricultural, Food and Environmental, Polytechnic University of the Marches(University of Ancona) – Италија.

 

На 27.04.2023 студентите и наставниот кадар можат да остварат средба со професорите во просториите на ТТФ Велес. Истиот ден, со почеток во 11:30 часот, професорот Осимани ќе одржи предавање на тема:

Потенцијал за примена на јадливите инсекти во прехранбената индустрија: микробиолошки профил и безбедносни аспекти“.

 

Се известуваат студентите од Втор и Трет циклус на студии дека предавањето ќе можат да го следат и онлине преку линкот: https://meet.google.com/kso-pejz-qdp