На 25 Април 2023 год. на платото Офицерски дом – Битола во периодот од 12 до 19 часот, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола ќе одржи Отворен ден на УКЛО.

 

Технолошко-технички факултет, Велес како единица на Универзитетот „Св. Климент Охридски“- Битола, ќе се вклучи во афирмирање на студиските програми, начинот на студирање, ќе се  споделуваат информации за можностите за добивање стипендии, остварување мобилности и воннаставни активности што се одржуваат и организираат на единицата и на УКЛО.

 

За таа цел ги покануваме сите заинтересирани да го посетат Отворениот ден кој нуди нови перспективи.

 
Отворен ден Агенда