Транспаренси Интернешнл Македонија оваа година во партнерство со МЕГА Хакатон лигата којашто претставува коалиција на средношколци/ученици од училишта и универзитети ширум светот организира MEGA HACKATHON 2023.

 

Хакатонот ќе се одвива онлајн во период од 14-16 април и ќе ги предизвика учесниците да изработат проект поврзан со една од 17-те цели за одржлив развој на Обединетите нации. Оваа година ја истакнуваме посебната категорија Антикорупција/Транспарентност.

 

Не само што ова ќе биде наградувачко искуство со говорници и работилници, туку и учесниците ќе имаат можност да освојат награди, можности за пракса и да се поврзат со останати учесници и организации ширум светот. Хакатонот ќе се одржи преку виртуелно метаверзно искуство оваа година.

 

Доколку сте заинтересирани за учество ве молиме пополнете го следниот формулар: https://megahack.tech/hack.html

 

Исто така, студентите преку Discord можат да се придружат на MEGA заедницата: https://discord.gg/VazaPzqpWs

 

Повеќе информации можете да прочитате и на веб-страната: https://transparency.mk/2023/04/06/mega-hakaton-2023/