Во рамки на CEEPUS мрежата CIII-HR-1404-01-1920 – Adriatic-Pannonian-Black Sea Food Connect во периодот од 01.02.2023 до 01.03.2023 година, д-р Викторија Стаматовска, вонреден професор  на Технолошко – техничкиот факултет Велес, реализираше мобилност на Техничкиот Универзитетот – Софија, Колеџ Сливен, Р. Бугарија. За време на престојот, вонр. проф. д-р Викторија Стаматовска одржа предавање на студентите на прв циклус студии. Договорени се понатамошни активности во насока на продлабочување на соработката.