Почитувани,
Годинава караванот на Инфо денови за Еразмус+ и вашите УСС и ФСС ќе помине на секој факултет!
Придружете сe и дознајте значајни информации за меѓународна мобилност, лични искуства од ваши колеги.
Информирајте сe што значи да се биде активен УКЛО студент и како да соработуваме и напредуваме заедно.
Во петок на 03.03.2023 год. ќе се одржи настан во рамките на Еразмус+ програмата во просториите на Технолошко-технички факултет – Велес со почеток во 12.30 часот. За таа цел професорите кои имале оваква мобилност како и студентите да се пријават и тој ден да го произнесат своето искуство.