Се известуваат студентите дека на 02.02.2023 год. (четврток) во просториите на Технолошко-технички факултет – Велес се организира Отворен ден наменет за сите заинтересирани, со цел запознавање со студиските програми, дискусија за начинот на студирање и можностите за користење на лабораториската опрема.

Настанот е организиран во два термини. Едниот со почеток во 11 часот а другиот термин во 14 часот.