Универзитетското студентско собрание Ве поканува на Универзитетски планинарски марш до Неолица кој ќе се организира на 24.09.2022 година во сабота.

Неолица, врвот на Баба Планина (1865 м.нв) е оддалечен околу 10 км од Битола. На една од патеките е сместен и истоимениот планинарски дом (1440 м.нв) кој ќе биде наша цел на оваа планинарска тура.

Планинарскиот дом Неолица е сместен на околу 2 часа пешачење од центарот на с.Лавци. Должината на целата тура е 8,435 метри и е класифицирана како средно-тешка тура, за која е потребна добра психофизичка кондиција.

Пла­нинарска манифестација ќе се одржи според приложе­ната програма:

7 h – Поаѓање од Студентскиот дом до с. Лавци (802 м.нв.), пешачење по маркирана пате­ка до чеш­мата над патот Брусник – планинарски дом „Неолица“  каде се очекува пристигање околу 9h.

9-11h -Oдмор, дружење, обезбеден заеднички планинарски оброк.