Се известуваат редовните студенти на прв циклус студии (трета и четврта година, VI и VIII семестар) од студиските програми: Прехранбена технологија и биотехнологија и Нутриционизам, дека во летниот период задолжително треба да реализираат стручна пракса.
По завршување на стручната пракса, студентот е должен да достави до Службата за студентски прашања на Технолошко-технички факултет–Велес, Потврда за реализирана стручна пракса, пополнета и заверена од установата/организацијата каде ја реализирал и Дневникот за реализирање на стручната пракса.