Одлични разултати за УКЛО на конкурсите од МОН за финансирање научни проекти од посебен и јавен интерес

2021-12-28T07:42:56+00:00декември 28, 2021|Новости|

Со седум добиени научно- истражувачки проекти  УКЛО е втор  универзитет во државата што постигна забележителен успех на два конкурси од МОН: за проекти од посебен и  јавен интерес за поддршка за развој на лабораториски ресурси и за финансирање на  научно – истражувачки проекти на јавните научни установи за 2021 година.

Според ректорот, проф. д-р Сашо Коруновски, овој значаен успех потврдува дека УКЛО  покрај во наставно-образовната е активен чинител и во научно – истражувачката дејност и на тој начин ќе ја јакне и својата општествена одговорност.

Големиот успех  на Техничкиот факултет – Битола, Факултетот за биотехнички науки – Битола, Технолошко – техничкиот факултет – Велес и научните институти за Старословенска култура од Прилеп и Хидробиолошкиот завод од Охрид, според проректорот за наука, проф. д-р Игор Неделковски го позицинираат УКЛО  како  второ  раниран  универзитет во сферата на научните истражувања и особено во зајакнувањето на лабораториските ресурси.

Во рамки на настанот учество зедоа деканите и раководителите на проектите од трите единици на УКЛО: Технички факултет – Битола, Факултет за биотехнички науки – Битола и Технолошко – техничкиот факултет – Велес, по што истите  беа претставени поодделно.

Акредитацијата на лабораторијата за заштита на животна и работна средина од Техничкиот факултет – Битола ја претстави проф. д-р Владимир Мијаковски, еден од  двајцата раководители на проектот во којшто учествува и проф. д-р Ванѓелче Митревски.

Добиениот проект за Компетентност на лабораторијата за екстракција на етерични масла од зачински и лековити растенија и детерминација на биолошки активни материи согласно примената на мкс ен ISO/IEC 17025:2018 го претстави вонр. проф. д-р Елена Јошевска, раководител на проектот.

Акредитацијата на лаборатотијата на Прехранбено – технолошкиот центар за развој на иновативни продукти (ПТЦ) при Технолошко – техничкиот факултет – Велес ја претстави вонр. проф. д-р Даниела Николовска Неделкоска, раководител на проектот.

Пригодниот настан за претставување на позитивно оценетите проекти од УКЛО    финансирани од МОН, се одржа на 27.12.2021 г. во Ректоратот на Универзитетот.

Резултати од Конкурс за финансирање на научно-истражувачките проекти од посебен и јавен интерес за 2021 г. (поддршка за развој на лабораториски ресурси) https://mon.gov.mk/content/?id=4369

Резултати од Конкурс за распределба на средства за финансирање на научно-истражувачките проекти на Јавни научни установи за 2021 г. https://mon.gov.mk/content/?id=4363

Go to Top