Е-уписи на студенти

Пред пријавувањето во роковите утврдени со Конкурсот, секој заинтересиран кандидат треба да се регистрира на www.upisi.uklo.edu.mk и да ја пополни електронската пријава од iKnow-системот. Бројот којшто кандидатот автоматски го добил од системот за електронското пријавување треба да се внесе и во пријавата за упис на втор циклус студии што се поднесува при пријавувањето за запишување.

При пријавувањето на факултет кандидатите ги поднесуваат следниве документи:

o Пријава за упис на втор циклус студии

o Електронска пријава (од iKnow-системот)

o Диплома или Уверение за завршени додипломски, односно прв циклус студии (кандидатите кои завршиле во странство доставуваат нострифицирана странска Диплома) – оригинални документи или заверена фотокопија од истите

o Кратка биографија (CV)

o Уверение за државјанство

o Документација: ХИВ тест и тест за Хепатит Ц (за странски студенти)

o Потврда за уплатени 300 денари (уплатница) на жиро сметка на факултетот - високата школа за манипулативни трошоци

o Други документи по барање на единицата поврзани со условите за упис



 

iKNOW moodle  Tempus mon   

Go to top