Е-уписи на студенти

При пријавувањето за запишување на единиците на Универзитетот, кандидатите ги поднесуваат следниве документи:

1. Пријава за запишување (во студенски прашања)

2. Оригинални свидетелства од сите класови

3. Оригинално свидетелство за завршено средно образование

4. Документ-диплома за положена државна матура

5. Извод од матичната книга на родените

6. Доказ за државјанство на РСМ (уверение или решение)

7. Кандидатите кои конкурираат за запишување како вонредни студенти ги поднесуваат освен горните и документите назначени во глава III, точка 3

8. Кандидатите кои конкурираат за запишување со завршено сродно високо или вишо образование поднесуваат и соодветно уверение или диплома, а кандидатите во категоријата за паралелно студирање поднесувааат соодветно уверение за статус на студент на сроден факултет, студиска група или насока

9. Кандидатите кои конкурираат по глава II точка 2 став 3 алинеа 1 и 4 поднесуваат и документ од Агенцијата за вработување на РСМ дека се невработени

10. Кандидатите кои конкурираат како странски државјани ги поднесуваат освен горните и документите назначени во глава V, точка 3 и 4

11. Потврда за уплатени 300 денари (уплатницана жиро сметка на факултетот - високата школа за манипулативни трошоци

12. Потврда за уплатени 50 денари за административна такса на уплатница за Велес или за Битола.

Напомена: Бидејќи пријавувањето се врши со оригинални документи, пожелно е кандидатите пред пријавувањето, да направат преписи од документите за своите потреби.

 

iKNOW moodle  Tempus mon   

Go to top