Е-уписи на студенти

При пријавувањето кандидатите поднесуваат:

• Пополнет пријавен лист чијшто образец е подготвен од страна на единицата каде што се организира студиската програма

• Мотивациско писмо за запишување на студиската програма

• Кратка биографија со вкупните постигнувања на кандидатот

• Потенцијална област на истражување и кратко образложение во коешто се дефинирани предметот и целите на потенцијалната област на истражување

• Предлог за ментор од листата на објавени слободни акредитирани ментори на студиската програма со кој кандидатот преходно стапил во контакт, се консултирал за областа на истражување и од кој добил прелиминарна согласност

• Диплома/уверение за завршен втор циклус студии, односно постдипломски студии (кандидатите кои завршиле во странство доставуваат нострифицирана странска Диплома) – оригинални документи или заверена фотокопија од истите

• Диплома/уверение за завршен прв циклус студии, односно додипломски студии (кандидатите кои завршиле во странство доставуваат нострифицирана странска Диплома) – оригинални документи или заверена фотокопија од истите

• Уверение за државјанство

• Извод од матичната книга на родените

• Медицинска документација(за странски студенти): ХИВ тест и тест за Хепатит Ц

• Други документи по барање на единицата.

 

iKNOW moodle  Tempus mon   

Go to top