Прехранбена технологија и биотехнологија

Студиската програма Прехранбена технологија и биотехнологија овозможува стекнување на инженерски знаења потребни за водење на процеси при преработка на храна и други биолошки материјали.

Во услови на зголемено загадување на животната средина, во која се одгледуваат култури за производство на храна, високиот пораст на населението, за кој треба да обезбеди храна, како и зголемување на јавната свест за улогата и важноста на исхраната во одржување на здравјето, прехранбената технологија станува сè повеќе важна во општеството.

Дипломираните инженери се квалификувани за контрола и подобрување на постоечките процеси, како и креирање на нови производи и технологии во согласност со системите за безбедност и квалитет во прехранбената индустрија и биотехнологијата.

Инжињерите во прехранбената технологија работат во различни сектори и на различни работни места: од научно истражување, производство на храна и маркетинг на готовите производи.

Пренранбениот технолог, може да работи во истражувачка работа за лабораторија, каде што истражува и бара нови методи на производство на храна, начините за подобрување на хранливата вредност и нови можности при чување и подготовка на храната.

Прехранбениот технолог кој работи во производство на храна и аналитички лаборатории за контрола и квалитет на производот ја координира работата и го води технолошкиот процес, подготовката на инструкции за работниците во кои се содржани описи на состојки, начинот и времето на влегувањето во процесот и технолошки параметри за секоја фаза на процесот. Врши надзор на автоматски процеси и оптимизација на параметрите, во зависност од особините на суровините кои се користат. Контролира и координира за собирање на примероци за да се обезбеди соодветна на квалитетот на производите, како и усогласеност со индустријата и други пропишани стандарди.

Прехранбениот технолог може да работи и како соработник во маркетинг и продажба на готови производи каде обезбедува стручни информации за прехранбените производи. Учествува во истражување на пазарот, изготвување на маркетинг план за маркетинг на нов производ и организирање на конференции, на кои им ги претставува производите на потрошувачите.