Нутриционизам

Студиската програма на додипломските студии по нутриционизам е отворен за сите со завршено средно оразование, кои имаат интерес да остварат кариера во областа на нуртиционизмот, производството на храна, анализа и контрола на храна и хранливи продукти, здравството и слично.

Нутриционистите се вклучени во научно-истражувачка работа  во откривањето на зависноста помеѓу храната и појавата и ширењето на болестите како и во улогата на храната во модулирањето на генетскоит индивидуален и популациски потенцијал.

Како стручно-обучен кадар се вклучени во лабораториите и центрите за анализа и контрола на храна, во лабораториите за развивање на нови видови на храна и хранливи додатоци.

Можат да бидат вклучени и во истражувачките и производствените оддели на биотехнолошките, хемиските и фармаколошките индустриски гранки.

Од исклучителна важност е нивната улога во индустријата за  производството на храна  и хранителни производи.

Покрај  истржувачката и производствента  улога, нутриционистите се вклучени и во образованието на општата популација и на специјалните целни групи (бебиња, деца, стари луѓе, спортисти).

Нутиционистите се вклучени и во изготвување и спроведување програми за превенција и сузбивање на болести поврзани со храната и исхраната.

Потребите и интересите се базирани на:

  • Следење на светските и регионални научно-образовни трендови во областа на нутрициониозмот, здравата и квалитетна храна и исхрана;
  • Неопходноста од едуцирање сопствен кадар кој ќе одговори на домашните и глобални проблеми поврзани со храната и исхраната;
  • Вклучување на специјалисти нутриционисти во едукативниот и здравсвен систем во Р. Македонија;
  • Неопходноста од практично обучени нутиционисти во производството на здрава, квалитетна и еколошко прифатлива храна за домашни и извозни потреби;
  • Подигање на општата свест за важноста на исхраната, последиците предизвикани од неправилна исхрана и начините на спечување.
  • Да се оспособи кадар кој ќе одговори на современите нутриционистички потреби на посебни категории на луѓе (спортисти, бебиња, децата, доилки, стари луѓе и други)
  • Стручен кадар кој ќе биде подготвен за пазарот на трудот и меѓуинституционална подвижност во рамките на замјата, регионот и пошироко;
  • Општествено-национална потреба е Р. Македонија да располага со високо едуциран и специјализиран кадар по нутриционизам кој ќе биде имплементиран во решавањето на нутриционистичката проблематика во државата и пошироко во регионот

Заради сето ова од академската 2010/2011 година Технолошко-техничкиот факултет Велес ја воведе студиската програма – Нутриционизам.