Е-уписи на студенти

Се известуваат студентите на прв циклус студии дека полагањето на првиот колоквиум по сите предмети ќе се спроведува со физичко присуство на студентите, со исклучок на студентите кои ќе побараат on line полагање со примена на средства за електронска комуникација, за што треба да доставуват барање во кое ќе ги образложат причините за истото: Како основани причини за тоа се сметаат:

1. Хронична болест или бременост кои се потврдуваат со медицински документ.

2. Родител на дете до 10-годишна возраст, за што доставуваат Извод од матична книга на родени на детето.

3. Студенти кои се наоѓаат во самоизолација (приложуваат Потврда за изречена мерка за самоизолација).

4. Други издржани причини, за чија оправданост цени предметниот наставник.

Во барањето треба студентот да потврди дека го прифаќа протоколот за on-line полагање подготвено од фактлтетот кое е дадено подолу во текстот. Барањето треба да се достави електронски до секретарот на Технолошко-технички факултет Велес, најмалку 3 (три) дена пред закажаниот термин за полагање, на следниот е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

За физичко присуство на студентите при полагање на кололвиумот, задолжително е придржување кон протоколот за заштита од Covid 19 вирусот, односно задолжително носење заштитна маска на лицето и ракавици, задолжително дезинфицирање при влез во факултетот и одржување растојание од 1,5 до 2 м., за време на движењето низ просториите на факултетот и при полагање на колоквиумот. 

 

Протокол за online полагање

1.     Со цел непречено спроведување на полагањето потребно е студентот да има на располагање стабилна интернет врска, компјутер (лаптоп), камера и микрофон. Студентот е должен да ја провери функционалноста на опремата пред полагањето на испитот. Неопходно е (заради непречено одвивање на испитот) студентот и професорот (секој за себе) да обезбедат просторија во која, додека се одвива испитот, да има тивка и мирна атмосфера.

2.     Како платформа која ќе се користи за полагање се препорачува да биде Google classroom со интегриран Google meet или друга платформа. Наставникот ќе ги испрати соодветните линкови за пристап до студентите по е-маил.

3.     Датата и времето на полагање е во договор со студентите и истата треба да биде онаа која е објавена на огласната табла на Факултетот за време нa физичкото полагање на испитот (доколку е тест) или по физичкото полагање, кога наставникот закажува дополнителен термин.

4.     Со цел идентификација на студентот постојат две опции:

Опција 1: студентот да испрати скенирана прва страница на индексот и страната во која му е запишан предметот и семестарот по е-маил до професорот најдоцна 30 минути пред почетокот на испитот.

Опција 2: Веднаш по вклучување на линкот за пристап, студентот ја покажува на камера прва страница на индексот и страната во која му е запишан предметот и семестарот.

По утврдувањето на идентитетот на студентот, камерата и микрофонот остануваат вклучени. Значи, студентот кој направил  идентификација односно студентот кој има валиден индекс во кој е заверен предметот и семестарот има право да го полага испитот (колоквиумот).

5.     При прифаќање на он-лине полагање,  пред испитот препорачливо е наставникот да го извести студентот  на која платформа ќе полага и начинот на полагање.

6.     Студентот треба  да се најави на добиениот линк точно на време за да може навремено да започне  испитот/колоквиумот. Студентот треба да се најави со службениот е-маил на УКЛО, а сите други кои ќе се најават со друга е-маил адреса не ќе може да полагааат.

7.     По завршувањето на идентификацијата на студентите кои треба да полагаат, се преминува на испитот кој може да се организира како што одлучил предметниот  наставник, и тоа на еден од следните начини:

a)     писмен испит,

b)     усмен испит,

c)     или комбинација од двата начини.

8.     Во текот на полагањето камерата на студентот треба да биде вклучена каде јасно ќе се гледа лицето. Покрај тоа, во текот на испитот не е дозволено да има движење на студентот.

9.   Во случај да студентот се исклучи од воспоствената он-лине врска (поради нестабилна интернет врска, прекин на електрична енергија или друга причина), тогаш наставникот одлучува за статусот на полагањето и тоа: неположен, не се јавил на испит, да дефинира оценка за одговорените прашања до моментот на исклучување или да му дозволи да го полага испитот он-лине (само уште еднаш) во друг термин.

                                                                        Технолошко-технички факултет Велес

 

iKNOW moodle  Tempus mon   

Go to top