Е-уписи на студенти

На ден 07.05.2018 (понеделник) во просториите на Технолошко-технички факултет-Велес со почеток од 11:00 часот ќе се одржи предавање од Д-р Ребека Рудолф, вонреден професор на Универзитетот во Марибор (Марибор, Словенија). Предавањето на д-р Рудолф е во областа на инженерство на материјали, карактеризација на материјали, како и студии на случаи во поглед на апликативни соработки помеѓу Универзитетот на Марибор и индустриски партнери. (Повеќе информации се дадени подолу).

Д-р Рудолф е дојдена како гостин-професор на нашиот Факултет по основ на размена на академски кадар во Ерасмус + програмата на база на потпишан договор помеѓу Универзитетот на Марибор, Марибор и Универзитет Св. Климент Охридски, Битола.

Предавањата од д-р Рудолф се пожелни за сите студенти од I, II и III циклус на студии како и за целиот академски кадар.

Напомена: за студентите на III циклус на студии преку овој научен семинар/трибина може да си обезбедат дополнителни 2 кредит часови како што е опишано во студиската програма за трет циклус на студии по Иновативни технологии за храна и Нутриционизам (Дополнителни Активности под шифра ИТХН-ДА 1-9).

Повеќе инфо за кандидатот може да се најде на линкот:

https://www.um.si/univerza/imenik-zaposlenih/Strani/imenik.aspx?idzap=15195

Кратко инфо за презентацијата од д-р Рудолф е сумирано во следново:

- Presentation of UCEM and scanning electron microscopes with EDS analysis for identification of the state of implant materials (in combining with microstructure) and chemical composition,

- Presentation of a good example of praxis: Analysis of the different parts of the implant materials for Univesity Clinical Centre in Maribor,

- Training on how to increase understanding and knowledge about the interdisciplinary approach: The surface engineering of existing implant materials, nature-science investigation and interpretation of results (microstructure, EDX analysis, FIB),

- For the participating researchers - a basic understanding of methods in the interdisciplinary approach: surface engineering – characterization, interpretation of microstructure and chemical composition of individual phases,

- The collaboration between both institutions will be beneficial for the preparation for bilateral joint (Slovenia/Macedonia) and Horizon 2020 projects.

 

iKNOW moodle  Tempus mon   

Go to top