Им се соопштува на студентите од прв циклус студии дека наставата на Технолошко-технички факултет ќе започне на 05.10.2020 год. (понеделник) и ќе биде по електронски пат (on-line) со користење на платформата Google meet, според распоредот за настава, кој е објавен на веб страната од факултетот.
Се замолуваат сите студенти да ги проверат (активираат) своите е-маил адреси од uklo.edu.mk најкасно до почетокот на наставата. Доколку имаат прашања во врска со активацијата на е-маил адресите да се обратат на следниот е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..
Пристап до on-line предавањата ќе добијат само студентите кои имаат запишано зимски семестар.
За таа цел им се соопштува на сите студенти дека се должни од своите валидни e-mail адреси од доменот uklo.edu.mk на службените e-mail адреси на секој предметен професор кај кого треба да ги следат предавањата, да побараат линк за пристап до on-line предавањата. Секој професор има уникатен линк. Тоа треба да се направи само еднаш, а линковите важат за сите понатамошни предавања.
Огласна табла |
План за реализација на настава |
Втор циклус студии Трет циклус студии |
|