ПРЕХРАНБЕНО-ТЕХНОЛОШКИ ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИНОВАТИВНИ ПРОДУКТИ (ПТЦ) е формиран преку Грантовата шема за иновативни проекти, а во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ (повик 2020 год.), поддржан од Министерство за локална самоуправа и Швајцарска агенција за развој и соработка.

Овој Центар претставува долгорочен стратешки инструмент за поддршка на регионалниот економски развој и конкурентноста во Вардарскиот плански регион преку продлабочување на соработката помеѓу бизнис заеницата од прехранбениот сектор и академската институција, односно Технолошко-техничкиот факултет (ТТФ), единица при универзитетот „Св. Климент Охридски“ лоцирана во Велес. Притоа, Центарот има улога на партнер за компаниите во процесот на развојот на иновативни продукти и/или подобрување на постоечките производи и технологии. Услугите на Центарот ќе бидат достапни и за заинтересираните дипломирани и актуелни студенти на сите три циклуси студии, кои се мотивирани да ги подобрат своите стручни перформанси и претприемачкипотенцијалсо цел да започнат сопствен бизнис.

Во рамките на проектот набавена е лабораториска опрема со цел да се докомплетира лабораториската инфраструктура на Факултетот за анализирање на суровини и прехранбени намирници, и тоа:

- автоматизирана опрема за определување на протеини по Kjeldahl

- автоматизирана опрема за определување на масти по Soxlet

- инструмент за определување на активитет на вода (aw)

Центарот ги нуди следниве услуги за компаниите и младите претприемачи:

- Стручни совети и спроведување на истражување во развојот на иновативни производи на партнерите од бизнис секторот со посебен фокус на прехранбениот сектор

- Лабораториски анализи на суровини и прехранбени производи

- Право на користење на сала за состаноци, компјутерска лабораторија, просторија за одржување презентации и обуки, кои се во сопственост на факултетот

- Стручна помош при подготовка на проектни апликации

- Совети во секојдневната пракса поврзани со имплементацијата на иновативната технологија или продукт во претпијатието

- Обуки и тренинзи за зајакнување на капацитетите за развој на иновативни производи

- Менторирање од страна на стручни лица, претприемачи и консултанти

- Поврзување со клиенти

- Промоција на производи

- Организирање настани за вмрежување и интернационализација.

Мултидисциплинарниот професорски тим на ТТФ (составен од технолози, хемичари, биолози, доктори на медицински, земјоделски и технички науки, информатичари, економисти) стручно е насочен кон процесно-технолошките аспекти на производството на храна, и тоа во согласност со барањата на современиот потрошувач и новите сознанија во технологијата и науката за храна и исхрана. Поради тоа, канализирањето на оваа експертиза кон бизнис секторот овозможува нов пристап во правец на креирање, производство и промоција на различни видови на функционална и нова храна, храна за посебни нутритивни потреби, додатоци на исхрана и слични производи, следејќи го концептот на минимално процесирана храна и зачувување на биоактивните карактеристики на суровините. На овој начин се очекува зголемена понуда на нови прехранбени продукти со оптимизиран нутритивен квалитет на пазарот или нова понуда на храна за популациони групи со специфични нутритивни потреби (на пр. диабетичари, лица со интолеранција на одредена храна).

Одбележано формирањето на Прехранбено-технолошки центар за развој на иновативни продукти на Технолошко-техничкиот факултет

Емисија „За Универзитетот отворено“ на УКЛО-ФМ радио за Прехранбено-технолошкиот центар:

 

iKNOW moodle  Tempus mon   

Go to top