Е-уписи на студенти

Психолошкото советувалиште на УКЛО како уникатна можност студентите и вработените да добијат стручна услуга за негување на менталното здравје во време на пандемија,  стана  повеќе  од потребно и во континуитет ја унапредува својата работа.

Студентите можат да побараат бесплатно индивидуално советување, онлајн или со физичко присуство или да учествуваат во групна работа онлајн. На овој начин тие можат да се консултираат за психолошките потешкотии кои ги имаат или пак да разрешат некои дилеми и развојни проблеми што се присутни кај младите луѓе. Закажувањето термини се одвива преку веб страницата на УКЛО односно преку рубриката  брзи линкови по пристапот до Психолошкото советувалиште се одбира професор – терапевт и по пополнување на краток формулар, професорот и студентот се договараат за термин и начин на изведување на советувањето.

Психолошкото советувалиште на УКЛО од почетокот на Корона кризата ја прошири својата функција и нуди советувања и за вработените. Ставот на Универзитетот е дека унапредувањето на работата на првото студентско психолошко советувалиште е неминовно и нужно заради комплицираниот период во којшто живееме кога е потребно уште повеќе да се грижиме за менталното здравје. Инаку Психолошкото советувалиште функционира две години и во март 2020 година, премина на телефонско и онлајн советување.

Оваа бесплатна услуга е уште еден начин Универзитетот да ја покаже грижата за своите студенти и вработените, да ги ангажира сите човечки ресурси и со тоа да се страви во функција на опкружувањето односно пошироката заедница.

 

iKNOW moodle  Tempus mon   

Go to top