Е-уписи на студенти

Универзитетот „Св.Климент Охридски“ - Битола, по повод 40 години од своето основање, во текот на месец април организира низа на спортско-рекреативни активности во кои учество ќе земат студенти на нашиот Универзитет. На 17.04.2019 (среда) во ист временски период ќе се одржат три универзитетски турнири и тоа во пикадо, баскет (3 на 3) и пинг-понг. Натпреварите ќе се одиграат во спортската сала „Павел Шатев“, а право на учество на овие турнири имаат сите студенти од трите циклуси на студии. Бројот на пријавени екипи и поединци од една единица не е ограничен. За најдобрите учесници УКЛО ќе додели пехари и медали, додека на сите учесници ќе им бидат доделени благодарници за нивната партиципација во овие спортски манифестации. 

Заинтересираните студенти во екипна и поединечна конкуренција да се пријават најдоцна до 15.04.2019 (понеделник) кај Референтот на студентски прашања Сашко Попов.

 

iKNOW moodle  Tempus mon   

Go to top