Е-уписи на студенти

Како дел од ЕУ твининг проектот „Развивање на соработка помеѓу високообразовните институции, приватниот сектор и релевантните органи“, кој се спроведува во рамки на Министерството за образование и наука, организираме работилница наменета за наставниот кадар на факултетите вклучен во изработка на студиски од инженерски области.

Во контекст на привлечноста на инженерското образование, потребно е да се размисли за предизвиците и можностите за вработување на дипломците. Семинарот ќе го одржи краткорочниот експерт Пјер Блажевиќ, декан на реномиран инженерски институт во Париз, чија биографија е во прилог. Семинарот ќе се сосредоточи на спроведувањето на процес на самоевалуација со цел зголемена релевантност на студиските програми во поглед на барањата на пазарот на труд, особено од инженерските сектори и другите технички сектори кои имаат потреба за практични квалификации на дипломците. Семинарот е наменет за наставниот и управувачкиот кадар на инженерските факултети од сите области, како и лицата одговорни за обезбедување квалитет.

Работилницата во Битола се одржува во среда, 12 април, од 11 часот.

Во прилог е агендата и формуларот за регистрација кој треба да се пополни и испрати на следната мејл-адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. најдоцна до понеделник, 10 април, на пладне

Агенда

Формулар за регистрација

 

iKNOW moodle uklo Tempus mon  

Go to top