Е-сервиси за студенти

 

 Електронски уписи на студенти

 

Е-курсеви

При пријавувањето за запишување на единиците на Универзитетот, кандидатите ги поднесуваат следниве документи:

1. Пријава за запишување (во студенски прашања) и таксена марка на уплатница заа Велес или за Кичево или за Битола

2. Оригинални свидетелства од сите класови

3. Оригинално свидетелство за завршено средно образование

4. Документ-диплома за положена државна матура или за положена училишна матура или за положен завршен испит

5. Извод од матичната книга на родените

6. Доказ за државјанство на РМ (уверение или решение)

7. Кандидатите кои конкурираат за запишување како вонредни студенти ги поднесуваат освен горните и документите назначени во глава III, точка 3

(При пријавувањето за запишување како вонредни студенти, кандидатите поднесуваат: копија од Образец М1 и М2 заверена на нотар или лекарско уверение за причините назначени во точка 1 став 2 алинеа 1 и 2 (издадено од соодветна здравствена установа) или доказ дека е родител на дете за кое сеуште трае правото на породилно отсуство).

8. Кандидатите кои конкурираат за запишување со завршено сродно високо или вишо образование поднесуваат и соодветно уверение или диплома, а кандидатите во категоријата за паралелно студирање поднесувааат соодветно уверение за статус на студент на сроден факултет, студиска група или насока

9. Потврда за уплатени 300 денари (уплатницана жиро сметка на факултетот - високата школа за манипулативни трошоци

Напомена: Бидејќи пријавувањето се врши со оригинални документи, пожелно е кандидатите пред пријавувањето, да направат преписи од документите за своите потреби.

 

iKNOW moodle uklo Tempus mon 

Go to top