Е-сервиси за студенти

                                   Упатство за Iknow

  Електронски уписи на студенти

  Е-курсеви       

                                               Книга за ТТФВ

 

 

За факултетотDipl. studenti 2014-2015.jpg

Технолошко - технички факултет Велес е образовна и научно-истражувачка институција од областа на Прехранбена технологија и биотехнологија  и Нутриционизмот во рамките на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола.

 

 Факултетот развива дејност во неколку области:

  • Додипломски студии (прв циклус академски студии)

           - Прехранбена технологија и биотехнологија  

           - Нутриционизам

  • Последипломски студии (втор циклус на академски студии)

            - Нутриционизам - едногодишни

            - Нутриционизам - двогодишни

            - Управување со квалитет и безбедност на храна

  • Докторски студии (трет цуклус академски студии)

            - Иновативни технологии за храна и нутриционизам 

        Во склоп на оваа студиска програма постојат два модули:

            - Модул 1: Храна и иновативни технологии и

            - Модул 2: Храна и нутриционизам

        Времетраење на студиите е три години.

  • Научно-истражувачка работа 

 

Историја

Технолошко - технички факултет Велес е нова единица на битолскиот Универзитет и е формирана во 2008 година. Факултетот од неговото основање врши високообразовна дејност - додипломски студии, како и научно-истражувачка и применувачка дејност од научните полиња на прехранбената технологија, биотехнологијата и нутриционизмот. Во 2009 год. отвора и последипломски студии, а во 2015 год. во тек е акредитација на докторски студии. Со отворањето на оваа високообразовна единица во составот на УКЛО се етаблира факултет кој е комплетно фокусиран на едукација на инженерски кадар.

 

iKNOW moodle  Tempus mon   

Go to top