Menu

Новости

Насловна

Технолошко-техничкиот факултет во Велес доби нови простории. Студентите и професорите од денес, ќе имаат услови за учење и предавање како и нивните колеги од другите факултети, рече министерот за образование и наука кој присуствуваше на пуштањето во употреба на новиот објект на факултетот. Додаде дека сосема била исправна и оправдана одлуката на раководството на Универзитетот „Св. Климент Охридски“, пред пет години за отворање на новите студиски програми во Велес.

„Бројот на запишани студенти на двете студиски програми, нутриционизам, и прехрамбена технологија и биотехнологија, го оправда верувањето дека има интерес кај младите за студирање на програми кои не беа застапени во Република Македонија. Понудената можност за овие студии беше одлично прифатена и затоа чест и задоволство ми е што денес присуствувам на пуштањето во употреба на новите простории на факултетот, со што студентите и професорите добиваат услови какви што и заслужуваат“, рече министерот.

Првите предавања на Технолошко-техничкиот факултет во Велес се одржани во просториите на поранешното училиште „Јордан Хаџи-Константинов – Џинот“, каде биле потстанари. Денеска факултетот доби современ објект во дел од поранешниот хотел „Вила Зора“ кој е комплетно реновиран и кој ги задоволува сите критериуми за работа и образование, со четири предавални, три лаборатории, сала за информатика, сала за состаноци, простории за професорскиот и административниот персонал.

ОГЛАСНА ТАБЛА КИЧЕВО

ОГЛАСНА ТАБЛА БИТОЛА

ОТ МАГИСТЕРСКИ СТУДИИ

Е-сервиси за студенти

iKNOW

Е-курсеви

moodle

ОГЛАСНА ТАБЛА ВЕЛЕС

 Copyright © Технолошко-Технички Факултет Велес