За факултетот
Во склоп на Универзитетот Св.Климент Охридски Битола отворен е Технолошко-техничкиот факултет единствена државна високошколска установа во Велес-центарот на Р.М кој претставува неопходен фактор во општественото високо образование и потенцијална основа за побрз стопански развој во градот.Заблагодарувајќи се на богатото историско наследствово областа на културата, образованието и технологијатани претставува посебно задоволство и изненадување што Велес веќе стана факултетски град. Нашиот факултет е млад отворен во 2008 година со дисперзирани студии во Кичево и дисперзирани студии во Битола кои ќе покажат економска оправданост од нивното отворање. Дејностите на факултетот се образование, научно-истражувачка дејност и издавачка дејност.
Последно освежено ( Сабота, 21 Јануари 2012 15:45 )



